Во август годинава во Република Македонија е регистрирана посета на 1.012 туристи од Руската Федерација, што е само 1,1 отсто од вкупниот број на туристи што допатувале во земјава.Руските туристи се задржале кусо – оствариле 2.768 ноќевања,  што е 1,3 отсто од остварените ноќевања на странските туристи коие се евидентирани во земјава во осмиот месец од годинава.
Збирно во август 2017 година  вкупно земјава ја посетиле 188 758 туристи и тие оствариле  766 844 ноќевања. Од тој број над 90 илјади се странски туристи.  Најбројни, 21.093 биле од Турција, потоа 5.926 од Полска, 4.316 од Романија, 3.739 од Грција, 3470 од Бугарија и 3.257 од Германија.
Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија, бројот на туристите во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 20.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.4%.Бројот на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 3.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 46.5%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 1.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 41.9%.
Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.8%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 22.7%.
Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11.3%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.4%, а кај странските има зголемување  за 22.6%.