Бруто-плата по вработен
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.6
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (14.7%), Преработувачка индустрија (11.4%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (10.9%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.7%), Рударство и вадење
на камен (2.1%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (2.0%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2018 изнесува 35 573 денари.
Нето-плата по вработен
Индексот, пак,  на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (14.2%), Преработувачка индустрија (11.4%) и Земјоделство, шумарство ирибарство (10.3%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.6%), Рударство и вадење на камен (2.0%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (1.9%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2018, изнесува 24 210 денари.( Државен завод за статистика)