Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на месец август во земјава допатувале 827 руски туристи, што е 0,8 отсто од вкупниот број на туристи што се евидентирани во тој месец.Тие во просек се задржале по 5 дена, што се гледа од бројот на ноќевањата.Имено,  руските туристи оствариле 2.316 ноќевања, што е 0,9 отсто од вкупниот број на ноќевања што ги оствариле странските туристи.

Најбројни се туристите од Холандија, Хрватска, Шпанија,Израел, Австралија и САД.

Вкупниот број на туристите во август 2019 година изнесувал 216 321, а бројот на ноќевањата изнесува 904 740.

Бројот на туристите во август 2019 година, во однос на август 2018 година, е зголемен за 2.2 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.6 %.

Бројот на домашните туристи во август 2019 година, во однос на август 2018 година, е зголемен за 0.1 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.7 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2019 година, во однос на август 2018 година, е зголемен за 0.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.4 %.

Во периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 2.7 %.

Во периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.3 %, а кај странските има зголемување за 3.2 %.