Во декември минатата година Државниот завод за статистика на Република Македонија бележи рекордно мал број на туристи од Руската Федерација кои ја посетиле земјава.Во последниот месец од минатата година во земјава престојувале само 154 туристи, што е половина процент од вкупниот број на туристи што во овој период биле евидентирани како странски туристи во Република Македонија. Тие реализирале 335 ноќевања што е 0,6 отсто во структурата на ноќевањата што ги реализирале странските туристи.
Инаку, вкупниот број на туристите во земјава во декември 2017 година изнесувал 51 599, а бројот на ноќевањата изнесувал 103 721.
Бројот на туристите во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 22.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 28.0%.
Бројот на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 19.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.7%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 29.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 27.0%.
Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.3%, а кај странските има зголемување за 23.5%. Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има зголемување за 22.8%.