Според податоците на Народната банка на Република Македонија април месец бил најдобар месец за странски директни инвестиции од почетокот на годината.Во земјава во четвртиот месец од годинава се евидентирани близу 67 милиони евра странски директни инвестиции За четири месеци од 2017 салдото се искачи на околу 175 милиони евра или десет милиони повеќе од истиот период лани.
Лани во земјава се слеаа вкупно 360 милиони евра странски директни инвестиции. Во изминатите десетина години странските инвеститори во индустриските зони отворија над 22.000 нови работни места низ цела Македонија.