Во јули годинава во Северна Македонија допатувале вкупно 828 руски туристи, што е само 0,8 отсто од вкупниот број странски туристи во земјава.Тие се задржале во просек по не цели три дена – оствариле 2.029 ноќевања или 0,9 отсто од вкупниот број на ноќевања што ги оствариле странските туристи.
Најбројни гости во земјава во овој месец биле Турците (21.673), Србите (7.867) Полјаците (7,759), Холанѓаните (6.335), Бугарите (4.090), Грците (3.989)… Странците најмногу престојувале во езерските места во земјава и во Скопје.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на туристите во јули 2019 година изнесувал 171 862, а бројот на ноќевањата изнесувал 682 854.
Бројот на туристите во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 2.5 %, а бројот на ноќевањата е намален за 0.7 %.
Бројот на домашните туристи во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 3.6 %, а бројот на странските туристи е намален за 1.7 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 1.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0.5 %.
Во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.9 %, а кај странските има зголемување за 2.3 %.
Во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.9 %, така што кај домашните туристи се бележи намалување од 0.2 %, а кај странските има зголемување за 2.0 %.