Во првото тримесечје од 2017 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.60%.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.47% има во секторот Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување каде што изнесува 0.02%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.13%.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.40%.

Најголем број на слободни работни места, односно 2 357, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.(Државен завод за статистика)