Во март годинава во Република Македонија престојувале само 264 туристи од Руската Федерација, што не е ниту 1 отсто (0,9 отсто) од вкупниот број на странски гости кои ја посетиле земјава.Покарај малиот број посетители од Рисија, тие во државава кусо се задржале и тоа во просек по две ноќи, што е 1 отсто од вкупниот бројна ноќевања што ги направиле странските туристи на Македонија во овој месец.
Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, вкупниот бројот на туристите во Република Македонија во март 2017 година изнесувал 43 033, а вкупниот број на ноќевањата изнесувал 91 532. Бројот на туристите во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 3.5%, а бројот на ноќевањата е намален за 3.2%.
Бројот на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 4.3%, а бројот на странските туристи е намален за 3.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 11.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3.2%.
Во периодот јануари – март 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.8%, а кај странските има зголемување за 6.9%.
Во периодот јануари – март 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.8%, а кај странските има зголемување за 11.3%.
Најголем број од посетителите биле од Грција, Бугарија, Германија, Албанија и други земји. Најмалку гости имало од Исланд, Малта, Нов Зеланд и Јужна Африка.