Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број на странски туристи кои допатувале во земјава во месец мај годинава  само 1 отсто отпаѓа на гости од Руската Федерација.Статистиката педантно забележала дека во овој месец во земјава престојувале 660 руски гости.Претежно се задржале и оствариле по две ноќевања или вкупно 1.274, што е 0,9 отсто од вкупниот број на ноќевања остварени во мај во земјава.

Најмногу странски туристи дошле од Турција (9.1%), Србија (7.7%), Бугарија (6.9%), Германија (6.6%), Грција (6.4%), Холандија (6.3%).

Инаку, вкупниот број на туристите во мај 2019 година изнесува 98 998, а бројот на ноќевањата изнесува 205 356.

Бројот на туристите во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е намален за 4.8 %, а бројот на ноќевањата е намален за 2.8 %.

Бројот на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е намален за 4.1 %, а бројот на странските туристи е намален за 5.2 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е намален за 11.7 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.1 %.

Во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.6 %, а кај странските има намалување за 1.0 %.

Во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.4 %, а кај странските има намалување за 0.2 %.