ПРОСЕЧНО ИСПЛАТЕНА БРУТО-ПЛАТА ПО ВРАБОТЕН
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, изнесува 102.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (13.1%), Преработувачка индустрија (5.7%) и Стручни, научни и технички дејности (5.3%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.2%), Градежништво (4.2%) и Стручни, научни и технички дејности (4.0%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2017 изнесува 33 640 денари.
Во мај 2017 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
ПРОСЕЧНО ИСПЛАТЕНА НЕТО-ПЛАТА ПО ВРАБОТЕН
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, изнесува 102.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (14.2%), Стручни, научни и технички дејности (5.8%) иПреработувачка индустрија (5.5%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (5.2%), Рударство и вадење на камен (4.5%) и Градежништво (4.0%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2017, изнесува 22 889 денари.
Во мај 2017 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.(Државен завод за статистика)