Со доаѓањето на зимата почна да опаѓа бројот на руските туристи кои ја посетиле нашата земја.Во ноември од Руската Федерација допатувале само 378 гости, што е помалку од 1 отсто (или поточно 0,9 отсто)  од вкупниот број на туристи евидентирани во овој месец. Тие оствариле 673 ноќевања, што е 0,8 отсто од вкупниот број на туристички ноќевања во земјава.

 Во овој месец од странски туристи најбројни биле Грците, а потоа следат Турците, Бугарите, Србите и Албанците. Најпосетен во овој месец бил македонскиот главен град Скопје.

Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на туристите во ноември 2019 година изнесувал 64 458, а бројот на ноќевањата изнесувал 135 866.

Бројот на туристите во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 13.2 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.5 %.

Бројот на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 2.6 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 19.3 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, е намален за 3.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15.5 %.

Во периодот јануари – ноември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.9 %, а кај странските има зголемување за 6.8 %.

Во периодот јануари – ноември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2.6 %, и тоа:  бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5.7 %.