Бројот на туристите во Република Македонија во десетиот месец од годинава, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 12.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9.3%.Но, таквиот тренд на зголемување на посетата на туристи во земјава не го следат посетителите од Руската Федерација.Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија, во октомври во земјава допатувале само 519 руски туристи, што е точно 1,1 отсто од вкупниит број на посети во овој месец. Руските туристи се задржале во просек по две ноќи, ако се има предвид дека оствариле 1.134 ноќевања.А, овој број е 1,3 отсто од вкупниот број на ноќевања остварени во Република Македонија во овој месец.
Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2016 година изнесува 69 412, а бројот на ноќевањата изнесува 155 719.
Бројот на домашните туристи во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 12.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 13.5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 6.4%.
Во периодот јануари – октомври 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.3%, а кај странските има зголемување за 4.8%.
Во периодот јануари – октомври 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.7%, а кај странските има зголемување за 1.3%.
Најбројни гости се Турците, Грците, Србите, Бугарите, Холанѓаните, Хрватите, Албанците. Најмал е бројот на посетители од Нов Зеланд, Малта, Јужна Африка, Луксембург, Кипар, Естонија и Белорусија.(С.П.)