Според извештајот на Народната банка на Република Македонија во земјава влегле 105,67 милиони евра странски директни инвестиции за првиот квартал од 2017 година.

Податоците покажуваат дека најголем инвеститор е Бермуди со 12,38 милиони евра, потоа следи Австрија со 9,83 милиони евра.

Во овој квартал најмногу одлеале Велика Британија-76,64 милиони евра. Во земјите каде што се одлеале пари на инвеститорите се вбројува и Холандија со 11,24 милиони евра.

Податоците на Народната банка за првите три месеци од годинава покажуваат дека во овој период има одлевање од 68 милиони евра, додека пак влегле дури 174 милиони евра како нераспределено реинвестирање на добивката.

Народната банка на Република Македонија обелодени дека вкупните девизни резерви на крајот на април 2017 година биле 2,49 милијарди евра.

Тоа е за 38,5 милиони евра помалку во однос на март.

Минатата година во истиот период, вкупните девизни резерви „тежеле“ 2,19 милијарди евра.

Најголем дел од вкупните државни девизни резерви се во хартии од вредност, на чие салдо во април имало 1,81 милијарди евра или за 4,6 милиони евра помалку во однос на претходниот месец. На крајот на април минатата година хартиите од вредност изнесувале 1,52 милијарди евра.

Валутите и депозитите на крајот на април изнесуваа 423,7 милиони евра, еден месец претходно беа 457,8 милиони евра. Во истиот период лани тие биле 282,9милиони евра.

Во април монетарно злато вредеше 256 милиони евра, а само еден месец пред тоа 255,7 милиони евра. Во април година порано монетарното злато изнесуваше 245,6 милиони евра.