Според најновите податоци  на Народната банка на Република Северна Македонија, во текот на првиот квартал од 2020 година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 137,3 милиони евра. Тие се  резултат на зголемување на нето-приливите кај сите компоненти, и тоа: реинвестирање на добивката за 86,3 милиони евра, меѓукомпаниски долг за 30,5 милиони евра и сопственички капитал за 20,5 милиони евра. 

За споредба во истиот период од ланската година странските инвеститори вложиле 48,5 милиони евра.

Швајцарија со инвестирани 38 милиони евра е прва на листата земји со најголеми инвестиции во нашата држава во првите три месеци од годинава. Потоа следуваат Германија (13 милиони евра), Словенија (10 милиони евра), Турција (7 милиони евра) и Холандија (6 милиони евра).