Експертите предвидуваат дека до 2025 година во Русија од 25 до 35 отсто од растот на БДП (бруто домашен производ) ќе обезбеди интернет технологијата.
Развојот на електронските услуги придонесува за создавање на услови за раст во разни сектори на економијата. Ова го изјави неодамна шефот на Роскомнадзор Александар Жаров, настапуваjки на пленарната сесиjа на 4-та Светска конференција за управување со интернет што се одржа во Ученг (кинеската провинција Жеџијанг).
-Сведоци сме на активна фаза на дигитализација на светската економија. Ова е предвидлив тренд, базиран на развојот на интернетот. Електронските услуги го забрзуваат напредокот и создаваат услови за економски раст во различни сектори на економијата,воедно и ги менуваат пристапите кон менаџментот, – подвлече Жаров.
Шефот на “Роскомнадзор” исто така ги цитираше проценките на експерти според кои до 2025 година и во Кина и во Русија, преку интернет-технологиите може да се обезбеди раст на БДП меѓу 25 до 35 отсто!
Четвртата Светска конференција за управување со интернет заврши на 5 декември. На неа учествуваа повеќе од 1.500 претставници на кинески и странски државни структури, меѓународни организации, истражувачки центри и повеќе од 430 компании.
Учесниците се фокусираа на безбедноста на мрежата, изгледите за развој на глобалната дигитална економија, напредните интернет технологии, меѓународната соработка во областа на големите бази на податоци…(ТАСС)