Во септември годинава земјава ја посетиле 861 руски граѓани, што е 0,9 отсто од вкупниот број на странски туристи.Тие во просек оствариле 1.770 ноќевања, што е исто така 0,9 отсто од вкупниот број ноќевања што ги направиле туристите.

Најмногу туристи во овој месец, 12.063, имало од Турција, по што со по околу пет илјади следат тие од Германија, Полска, Бугарија, Грција, Холандија… И во септември топ дестинации за туристите биле езерските места, по кои е рангиран главниот град, па планинските и бањските места.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на туристи во септември 2019 година изнесувал 122 645, а бројот на ноќевањата изнесувал 275 892.

Бројот на туристите во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е зголемен за 12.8 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6.0 %.

Бројот на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 0.6 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 17.4 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 5.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.6 %.

Во периодот јануари – септември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 3.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 4.8 %.

Во периодот јануари – септември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 4.4 %.