Во септември годинава Република Македонија ја посетиле 1.178 туристи од Руската Федерација што е само 1,5 отсто од вкупниот број на странски туристи кои во овој месец престојувале во земјава.Руските туристи во просек имале по три ноќевања во земјава или оствариле вкупно 3.178 ноќевања.Тоа е само 1,9 отсто од вкупниот број на ноќевања на странските посетители во септември.
Државниот завод за статистика  соопштува дека вкупниот бројот на туристите во септември 2017 година во Република Македонија, пак,  изнесувал 104 120, а бројот на ноќевањата изнесувал 242 719.
Бројот на туристите во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бил зголемен за 23.9%, а бројот на ноќевањата  за 23.1%.
Бројот на домашните туристи во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележел зголемување за 10.3%, а бројот на странските туристи  за 29.1%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бил зголемен за 23.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи  за 22.8%.
Најбројни туристи во септември биле од Турција, Србија, Бугарија, Полска, Холандија…
Во периодот јануари-септември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.9%, а кај странските има
зголемување за 23.7%.
Во периодот јануари-септември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.3%, а кај странските има
зголемување за 22.6%.(Државен завод за статистика)