Во периодот јануари – септември 2017 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 303 553 илјади денари, што е за 16.6% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1 237 687 илјади денари, што е за 38.8% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија.
Вредносните податоци за периодот јануари – септември 2017/2016 година се дадени врз база на паритетот 1 американски (САД) долар = 58.3258 денари. (Државен завод за статистика)