Во второто тримесечје од  годинава стапката на слободни работни места изнесува 1.53% – покажуваат  податоците на Државниот завод за статистика.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4.50%, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0.04%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.14%.
Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3.05%. Најголем број слободни работни места, односно 2 807, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Според податоците на Државниот завод за статистика, пак,  бројот на работници во индустријата во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е поголем за 2.6 отсто.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, бележи пораст од 0.3%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.3%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 8.1%, Капитални производи за 11.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.7%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2017 година, во однос на периодот јануари – јули 2016 година, изнесува 101.1.