Во февруари годинава во Република Македонија престојувале само 162 гости од Руската Федерација, што е 0.6 отсто од вкупниот број на туристи што престојувале во земјава.Притоа, тие оствариле во просек по три ноќевања, или вкупно 580, што е 1,1 отсто од вкупно остварените ноќевања на туристите во овој месец.
Инаку, податоците на Државниот завод за статистика, зборуваат дека бројот на туристите во февруари 2018 година изнесувал 41 182, а бројот на ноќевањата изнесувал 89 301.
Бројот на туристите во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 11.7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.8 %.
Бројот на домашните туристи во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 8.1 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 13.8 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 25.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.3 %.
Во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.3 %, а кај странските има зголемување за 17.4 %.
Во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 17.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 17.0 %, а кај странските има зголемување за 17.4 %.