Во вториот месец од годинава Република Македонија ја посетиле 245 туристи од Руската Федерација, што е 1,1 отсто од вкупниот број на странски туристи што во овој период ја посетиле земјава. Руските туристи оствариле 2.429 ноќевања, или по 4,7 ноќи по турист.

Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија, бројот на туристите во земјава во февруари 2017 година изнесува 36 869, а бројот на ноќевањата изнесува 79 860.

Бројот на туристите во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, е зголемен за 13.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.3%.

Бројот на домашните туристи во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, е зголемен за 15.9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.2%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, е намален за 1.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17.8%.

Во периодот јануари-февруари 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.7%, а кај странските има зголемување за 13.9%.

Во периодот јануари-февруари 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.2%, а кај странските има зголемување за 16.6%.

Најмногу посети се регитрирани на главниот град на земјава, вкупно 13.528, од кои 11.572 туристи биле од странство.

Земјава ја посетиле и 3608 Грци, 2011 Албанци, 1715 Бугари, 2051 гости имало од Косово, 2.435 од Србија, 2.159 од Турција, 444 од Италија, 932 од Германија, 515 од Словенија, а другите се во помал број.