Во месец февруари само 116 туристи од Руската Федерација ја посетиле Република Северна Македонија.Тоа не е ниту половина процент (точно 0,4 отсто) од вкупниот број еведентирани туристи во земјава.Руските туристи се задржале во земјава кусо  – во просек со само две ноќевања ( остварени 247 ножевања).Тоа е точно половина процент од вкупнио број ноќевања што ги оствариле странските туристи во вториот месец од годинава.
Најбројни странски гости допатувале од соседните држави. На врвот е  Грција – со вкупно 4.072 туристи.Всушност, секој шести турист во февруари бил од јужниот сосед на земјава. Следат Косово (3.069), Србија (2.613), Турција (2.248),  Бугарија (2.205)…
Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, вкупниот број на туристите во февруари 2019 година  во Република Северна Македонија изнесувал 43.666,а бројот на ноќевањата изнесувал 91.731.
Бројот на туристите во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 6%, а бројот наноќевањата е зголемен за 2,7%.
Бројот на домашните туристи во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 12,8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 2,3%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголеменза 8,4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1%.
Во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите езголемен за 2,4%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.0%, а кај странските има намалување за 0,4%.
Во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањатае намален за 1,1%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,2%, а кај странските има намалување за 5%.