Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2017 година е 1.2%.
Во четвртото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 15.6%; потоа во Земјоделство, шумарство и рибарство од 4,0% и во Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 1.1%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2017 година, номинално расте за 4.9%, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 64.8%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14.9%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11.0%.