Почетокот на годинава е период на намален број на посета на руски туристи на земјава, но допрва се очекува тој број натаму да се намалува поради корона вирусот.Во јануари, имено,  евидентирани се само 240 граѓани на Руската Федерација која престојувала во Република Северна Македонија.Тоа е само 0,7 отсто од вкупниот број на странски туристи кои ги посетили македонските туристички и останати центри.Тие оствариле 375 ноќевања што покажува и кратко време на престој на овие туристи.Тоа е 0,6 отсто од вкупниот број на ноќевања на туристите.

Најголем број на странски туристи во јануари допатувале од соседна Грција, а следат Бугарија, Албанија, Косово, Турција, Србија, Хрватска…Најпосетено било Скопје со 18 115 туристи, па потоа езерските места со 16 828 туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, вкупниот број на туристите во јануари 2020 година изнесувал 55 266, а бројот на ноќевањата изнесувал 109 733.

Бројот на туристите во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемен за 12.7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6.9 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемен за 1.0 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 20.6 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемен за 1.5 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.4 %.