Во јануари годинава во Република Македонија престојувале 183 туристи од Руската Федерација што е 0,7 отсто од вкупниот број на туристи што ја посетиле земјава во првиот месец од 2016 година.Руските гости оствариле 368 ноќевања, што значи дека престојувале во просек по три дена во земјава.Бројот на ноќевањата на руските туристи е само 0,8 отсто од вкупниот број на  ноќевања што го направиле странските туристи во Македонија во јануари.
Најчести гости во Македонија се Бугарите, Турците, Грците, Албанците, Србите, граѓаните на Косово, а од другите земји бројот на посетители е помал. Македонија ја посетиле 3.764 Грци, 3.380 Бугари, 2.474 Турци и други.
Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2017 година изнесува 43 220, а бројот на ноќевањата изнесува 87 894.
Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 13.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.7%.
Бројот на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 10.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 15.5%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 8.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15.2%.
Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 15.7%, а кај странските има намалување за 5.1%.
Бројот на ноќевањата во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 8.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 24.3%, а кај странските има намалување за 2.8%.