Во јули месец годинава  во Република Македонија престојувале 739 руски граѓани, што е само 0,8 отсто од вкупниот број на туристи што допатувале во земјава. Тие и кусо се задржале бидејќи податоците покажуваат дека    оствариле 1.805 ноќевања, што е само 0,9 отсто од вкупниот број на остварени ноќевања од странски туристи  во овој месец.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на туристите во јули 2017 година изнесувал 153 435, а бројот на ноќевањата изнесувал  584 014.
Бројот на туристите во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 18.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.9%.
Бројот на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 3.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 32.8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 4.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 26.8%.
Во периодот јануари – јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.3%, а кај странските има зголемување за 17.6%.
Во периодот јануари – јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 17.6%.
Турците се најбројни гости.  Во овој период Македонија ја посетиле 25.468 турски гости. Во земјава престојувале и над 5000 Холанѓани, скоро 2500 гости од Австралија, над 1000 Швеѓани и швајцарски државјани, повеќе од 1000 Хрвати и Французи, повеќе од 8000 Срби, над 5000 Полајци, 3242 Грци, 4.104 Бугари и други. Најголем број посети се регистрирани на македонските езера.