Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ планира во следните неколку месеци да започне да го гради морскиот дел на “Турски тек”.
Изградба на вториот крак на гасоводот “Турски тек” зависи од договор кој ќе го постигнат Руската Федерација и Европската унија, изјавил турскиот амбасадор во Москва, Хусеин Дириоз на тркалезната маса “Руско-турските односи во современото време“.
Хусеин Дириоз, исто така, објави дека во 2018 година, започнува изградбата на првиот блок на нуклеарната централа “Акују”, која до 2023 година ќе биде ставена во функција.