Според претходните податоци, извозот на „Газпром Експорт“ во земјите во странство од 1 јануари до 15 мај 2016 година е за 17,9 отсто поголем отколку во истиот период лани.Ова го изјавил извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер.

-Најголем извоз во северозападна Европа е остварен во Германија (+14,2 отсто), Велика британија (+104,1), Холандија (+106,7), Данска (+140,2).Добри резултати се остварени и во јужна и југоисточна Европа: Италија (+7,7 отсто), Франција (+38,6), Австрија (+21,6), Грција (+85,3 отсто).

          Европските подземни складишта за гас се полнети со голема брзина, а главната причина за ваквото повлекување на големи количини се наоѓа во моменталните ценовни фактори. Од 15 мај количината на активен гас во европските подземни складишта за гас е поголема за 23,1 отсто кога ќе се спореди со истиот период од 2015 година.

Во исто време, полнењето на подземните складишта за гас во Украина е пониско дури и во споредба со минатата година.Украинските постројки за гас содржат помалку гас отколку во истото време од 2015 година, соопштил Милер.