Будимпешта и „Гаспром“ потпишаа договор за продолжување на гасоводот „Турски тек“ преку териториите на Бугарија и Србија во Унгарија, соопшти министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

Според унгарскиот министер, договорената траса е пореално решение од претходно разгледуваното – преку Романија или Хрватска.

Во моментов се планира Унгарија да биде приклучена на магистралата до крајот на 2019 година.

Во јуни беше соопштено дека Русија ги обновила преговорите со Унгарија и Србија за изградба на „Јужен тек“, иако Москва претходно во повеќе наврати изјави дека нема да се навраќа на тој проект.

Покрај тоа, беше соопштено и дека Бугарија смета на рускиот гас со кој, меѓу другото, се полни гасниот хаб финансиран од Европската комисија.