Претседателот на Источниот комитетот на германската економија, Волфганг Бихеле го поставува прашањето за ефикасноста на санкциите: колку санкциите чинат и какви се резултатите од нив?
Во Германија, бизнис претставници инсистираат на разгледување на политиката на санкции против Москва. Тоа го напиша претседателот на Источниот комитетот на германската економија, Волфганг Бихеле за германскиот весник „Ханделсблат“.
-Дојде време да се постави ова прашање. Би било добро политиката да се користи за решавање на политичките кризи и тоа, пред се, со политички средства , – смета Бихеле..
Според неговото мислење, воведувањето на рестриктивни мерки немаше ефект врз ситуацијата околу Крим, но доведе до зголемување на другите ризици. Бихеле, загубите за економијата на Европската унија ги проценува со “стотици милијарди евра”. Според информациите на претседателот на Комитетот, од санкциите најмногу штети имале Германија, Полска и балтичките земји.
Во 2014 и 2015 година, германската економија загубила 13,5 милијарди евра, што е еквивалентно на загуба на 60 илјади работни места. Санкции против Русија, исто така, според мислењето на Бихеле, ја спречуваат обновата на Украина.
Антируските санкции на Европската унија се во сила до јануари 2017 година. Органите на ЕУ како услов за нивно укинување бараат “целосна реализација на договорот од Минск”, додека Кремљ, во неколку наврати, истакнува дека Русија не е страна во конфликтот, што значи дека не може да го исполни Минскиот договор.