Санкциите ги принудуваат германските инвеститори да се фокусираат на развој на своето работење на територијата на Руската Федерација. Германскиот весник „Велт“ објавува дека инвестициите на германските фирми во земјата која е под санкции веќе достигнале рекордно ниво.
Германските компании повторно почнаа многу да вложуваат во Руската Федерација, пишува влијателниот „Велт“.Имајќи предвид дека извозот во многу области е невозможен заради санкции, германските компании пронајдоа начин како тоа да го надоместат, па почнаа да градат фабрики во Руската Федерација за да го одржат сопствениот бизнис на големиот пазар.
Во 2014 година германските инвеститори и го свртеа грбот на Русија и го повлекоа својот капитал, но сега „нишалото тргна во спротивниот правец“.Во текот на 2015 година директните инвестиции на германските фирми во Русија изнесувале 1,78 милијарди евра, што е бројка која заостанува по големината само зад периодот од 2006 до 2008 година и зад 2010 година.
Во текот на 2016 година е поставен нов рекорд: според податоците на Бундесбанката во првиот квартал од оваа година директните инвестиции од Германија во Руската Федерација изнесувале 1,1 милијарда евра.
На пример, производителот на земјоделски машини „Клас“ вложил околу 120 милиони евра во новата фабрика во Краснодар.ДМК, најголемиот производител на млеко во Германија се подготвува да го „проголта“ рускиот конкурент, а фармацевтската компанија „Бионорика“ се подготвува да изгради фабрика во Воронеж во висина од 30 милиони евра.
Нискиот курс на рубљата ја прави инвестициската клима на Русија исклучиво поволна за странските инвеститори, смета германскиот весник.Но, покрај тоа, Владата на Руската Федерација пружа посебни погодности – со тие кои ќе вложат најмалку 10 милиони евра и кои ќе се обврзат да работат во Руската Федерација 10 години, се склучува посебна инвестициска спогодба. Таа на компаниите им дава можност да учествуваат на државни тендери, добиваат даночни олеснувања и го стекнуваат статусот на „домашен производител“.
Првата германска компанија која склучи таквата спогодба со руската Влада е производителот на комбајни „Клас“. На земјоделците кои ќе ги купуваат комбајните на „Клас“ државата ќе им надоместува четвртина од нивната вредност.
Други компании исто така имаат намера да склучат посебна инвестициска спогодба со Руската Федерација.
-Погодно е што многу од нив се врзани за гасовод, – смета претставникот на Руско-германската надворешнотрговска комора Јенс Белман, алудирајќи на помалите производствени трошоци.