Истражување спроведено од Германско-руската трговска комора покажува дека за 60 отсто од компаниите во Гермнаија што соработуваат со Русија, економските санкции се контрапродуктивни, објави весникот „Билд“.
Дополнителни 21 отсто од 800-те компании членки на Германско-руската трговска комора бараат санкциите да бидат олеснети.
Влошените економски односи меѓу Русија и Германија поради санкциите воведени од ЕУ и САД во 2014 година по руската анексија на украинскиот полуостровот Крим, предизвикаа штети во износ од милијарди евра за двете страни.
Германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел во Москва преговара за укинување на санкциите под услов Русија да влијае на прекинот на конфликтот во источна Украина.