Во 2016 година, повеќе од 88.9 % од вкупната стоковна размена на Република Македонија е реализирана од претпријатијата вклучени во двата протока на стоки.
Суфицитот во размената на стоки, главно, е генериран од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Индустрија, а дефицитот од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Трговија.
Околу половина од вкупната вредност на извозот и на увозот е концентрирана во првите 100 претпријатија.
На страната на извозот, кај претпријатијата што се јавуваат како извозник и увозник истовремено, највисока вредност на извозот е реализирана од претпријатијата од секторот Индустрија (87.0 % од вкупниот извоз). На страната на увозот се забележува истата појава, односно 50.3 % од вкупниот увоз е реализиран од претпријатијата од секторот Индустрија што се јавуваат како увозник и извозник истовремено.
На страната на извозот, микропретпријатијата имаат најголемо учество во структурата според бројот на претпријатија (53.3 %), а во создавањето на вкупната вредност во секторот Трговија учествуваат со 38.9 %. Големите претпријатија, покрај нивното незначително учество од 3.2 % во структурата според бројот на претпријатија, во создавањето на вкупната вредност во секторот Индустрија учествуваат со 75.6 %.
На страната на увозот, микропретпријатијата имаат најголемо учество во структурата според бројот на претпријатија (65.0 %), а во создавањето на вкупната вредност во секторот Трговија учествуваат со 28.7 %. Големите претпријатија, покрај нивното незначително учество од 1.7 % во структурата според бројот на претпријатија, во создавањето на вкупната вредност во секторот Индустрија учествуваат со 69.1 %.
Повеќе од 50.0 % учество во вредноста на стоковната размена се концентрирани кај првите 10 претпријатија на страната на извозот, а на страната на увозот тој процент е реализиран во првите 100 претпријатија.
Најголемо учество во структурата на извозот имаат претпријатијата што ги извезуваат своите стоки на пазарите на земјите-членки на ЕУ. Големите претпријатија во вкупната вредност на пазарот на ЕУ учествуваат со 74.1 %.
Пазарот на земјите-членки на ЕУ се издвојува како најатрактивен и на страната на увозот. Половина од реализираната вредност на овој пазар е остварена од големите претпријатија.
Најголемо учество од 39.6 % во вредноста на извозот е реализирано од претпријатијата што имаат од 15 до 19 земји-партнери, а на страната од увозот најголемо учество од 57.9 % во вредноста е реализирано од претпријатијата што имаат 20 или повеќе земји-партнери.
Најголемо учество во структурата на извозот имаат претпријатијата што ги извезуваат своите стоки на пазарите на земјите-членки на ЕУ.
Претпријатијата што му припаѓаат на секторот Индустрија имаат најголемо учество и според бројот на претпријатија, 44.9 %, и според реализираната вредност, 91.0 %.
Пазарот на земјите-членки на ЕУ и на страната на увозот се издвојува како најатрактивен. 45.8 % од претпријатијата, според бројот на претријатијата, припаѓаат во секторот Трговија, а според реализираната вредност, претпријатијата од секторот Индустрија учестуваат најмногу, со 55.8 %.
Претпријатијата чиј интензитет на извозот е во интервалот до 24%, во структурата на стоковната размена имаат најголемо учество според бројот на претпријатија, a според реализираната вредност се издвојуваат претпријатијата со интезитет на извозот од 75 % и повеќе. Ова укажува дека овие претпријатија се повеќе ориентирани кон странските пазари.
Според седиштето на претпријатијата, најголем извоз е регистриран во Скопскиот регион, 54.9 %, а претпријатијата од овој регион имаат остварено и најголем увоз, 68.3 %. Најмал обем на надворешнотрговска размена е остварен од претпријатијата со седиште во Североисточниот регион.(Државен завод за статистика)