Во септември 2018 година се издадени 219 одобренија за градење, што е за 1.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 051 068 илјади денари, што е за 42.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (59.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11.0 %) за објекти од нискоградба и 65 (29.7 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 219 објекти, на 149 (68.0 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (32.0 %) објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 495 станови, со вкупна корисна површина од 43 895 м2. (Државен завод за статистика)