Руската влада деновиве ги удвои транзитните такси за странските товарни камиони кои поминуваат преку нејзината територија.
-Претходната такса беше утврдена кога едно евро вредеше 35 рубљи. Тоа е 2,3 пати помалку од моменталниот курс на рубљата,- се наведува во соопштението од прес- службата на Руската влада.
Странските превозници сега за годишната транзитна такса ќе мора да издвојат 120.000 рубљи (околу 1.800 долари). Цената на дневната такса е зголемена 350 на 850 рубљи (околу 13 долари). Овие такси се однесуваат на камиони тешки помеѓу 3,5 и 12 тони.
Владата истовремено го проширила и списокот на земји чии возила мора да платат за поминување преку руската територија. Меѓу новите земји се најдоа Летонија и Литванија. Во соопштението се додава дека тие земји се впишани во новиот список како контрамерка на потезите од земјите на Прибалтикот. Имено, од јули 2014 година странските превозници, вклучувајќи ги и тие од Русија, мораат да платат такса на летонските власти од 8 до 11 евра дневно (од 484 до 925 евра годишно). И Литванија воведе слични мерки минатата година. Во такви случаи, рускиот закон предвидува воведување реципрочни мерки, – соопшти руската влада.(Руска телевизија)