За над 32 милиони евра пораснале девизните резерви во јуни годинава споредено со претходниот месец.
На крај на јуни резервите изнесуваат 2, 642 милијарди евра, додека на крајот на мај биле 2,610 милијарди евра.
Според почетокот на јули податоци растот на резервите е кај ставка валути и депозити.
Минатата година, истиот месец девизните резерви изнесувале 2,4 милијарди евра или за дури 200 милиони евра помалку.
По години на вакво ниво девизите резерви не биле од август 2016 година. Имено на крај на 2017 година изнесува 2,33 милијарди евра.
На крајот на 2016 година биле 2,613 милијарди евра, но во август и септември се над 2,65 милијарди евра. Во 2015 година во декември биле 2,261 милијарди евра.