Владимир Хрисанфов, советник за економски и трговски прашања во Амбасадата на Руската Федерација во  Република Северна Македонија и м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора беа во посета на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и  разговараа со нејзиниот директор,  д-р Љупчо Јаневски (10.9.2021 година).

На средбата беше изразено заедничко задоволство за десеткратниот пораст на бројот на туристи од руската федерација по неодамнешното воспоставување на директната авионска линија меѓу Скопје и Москва ( и сега и Санкт Петербург) од страна на рускиот авиопревозник „Нордвинд“.

Ова е протолкувано како знак на интерес на руските туристи за посета на Република Северна Македонија.Според зборовите на Владимир Хрисанфов, Амбасадата на Руската Федерација е подготвена да даде поддршка за дополнителна промоција на туристичките убавини на земјава на рускиот пазар преку презентации  во Москва и Санкт Петербург и посета на руски тур – оператори во Република Северна Македонија.