Земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД) гледаат закана за нивните економии и индустрии во активностите на меѓународните картели, изјави рускиот премиер, Дмитриј Медведев пред новинарите.
По состанокот на Советот на шефовите на владите на ЗНД одржан неодамна во Ташкент, Димитриј Медведев истакна дека ова тело подготвило изјава за консолидирање на напорите на светската заедница за ефикасно справување со меѓународните картели.
-Ние гледаме закана за нашите економии во активностите на меѓународните картели, или, попрецизно, на производството и на претпријатија кои работат на територијата на земјите-членки на ЗНД. Ќе ги посочам како пример фармацевтската индустрија, производството на прехранбени производи, разни други производи, вклучувајќи некои авто – компоненти. Во тие области и во многу други монополските здруженија ги диктираат нивните услови на целиот светски пазар, – рече Медведев.
Како резултат на тоа, рече тој, интересите на одделни претпријатија и индустрии во земјите на ЗНД страдаат а, на крајот луѓето „се принудени, всушност, да платат повеќе заради картелските договори кој ги обединуваат производителите од различни земји”.
-Се разбира, овој процес е сложен и невозможно е да се запрат активностите на картеллите само со една изјава, но таквите напори, заедно со напорите на другите земји, а не само на ЗНД, на крајот сепак треба да влијаат на ситуацијата. Ова е значењето на нашето реагирање, – рече шефот на руската влада.(МРСК)