Унапредување и олеснување на трговската, фитосанитарната и ветеринарната соработка, обновување на меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска соработка, беа дел од точките за кои неодамна разговараа Љупчо Поповски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Шчербаг,
-Руската федерација е еден од нашите стратешки трговски партнери, затоа ќе работиме на долгорочна стратегија со која ќе ги подобриме позициите на македонските земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар, – истакна на средбата министерот Љупчо Николовски.
На средбата во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство присуствуваше и учествуваше и м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.