Индексот на индустриското производство во април 2018 година, во однос на април 2017 година, изнесува 101.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2018 година, во однос на април 2017 година, бележи опаѓање од 5.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.9 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на текстил, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди,
Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во април 2018 година, во однос на април 2017 година, бележи пораст кај Капитални производи за 21.2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 67.9 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – април 2018 година, во однос на периодот јануари – април 2017 година, изнесува 104.2.(Државен завод за статистика)