Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2020 година е 0.2 %.
Во првото тримесечје од 2020 година, најголем пораст е забележан во секторите Ѕ – Информации и комуникации од 10.4 %; Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 6.5 % и Њ, О, П – Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 5.2 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2020 година номинално расте за 2.7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63.2 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 7.1 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 4.6 %.( Државен завод за статистика)