Индексот на индустриското производство во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 106.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи опаѓање од 7.4 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 32.2 %.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 25.5 %, Капитални производи за 6.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 14.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.5 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари − септември 2019 година, во однос на периодот јануари − септември 2018 година, изнесува 105.6.(Државен завод за статистика)