Вкупниот обем на размената на стоки на Република Македонија со светот до крајот на јули ја достигна вредноста од 9.101 милијарди САД долари.Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 3,906  милијарди САД долари и бележи пораст од 25.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста
на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5,195 милијарди САД долари, што е за 23.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 1,289 милијарди САД долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 75.3 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Обем на размената, I-VII 2018 Покриеност на увозот со извоз
465 209 197 илјади денари 75.3 %
7 561 390 илјади евра 75.3 %
9 102 394 илјади САД долари 75.2 %
Во периодот јануари –јули 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.(Државен завод за статистика)