Вкупните девизни резерви на крајот на јуни годинава изнесуваа 2.158.800.000 евра или за 5,6 милиони помалку споредбено со минатиот месец.

Во истиот период 2015 година, Македонија имаше 2.254.800.000 евра вкупни девизни резерви, што е за 96 милиони евра повеќе во однос на јуни 2016 година.

Вредноста на монетарното злато во јуни беше  259.900.000 евра, а еден месец претходно сумата беше 22.000.000 евра помалку или 237.900.000 евра.

На крајот на јуни лани монетарното злато вредеше 230.800.000 евра. Од државни валути и депозити во јуни се прокнижени 240.200.000 евра, што е намалување од 24,3 милиони евра во однос на месец мај.

Намалување од 7,7 милиони евра е забележано во јуни оваа година во однос на истиот период лани.

Вкупната вредност на хартиите од депозити во јуни беше на ниво од 1.653.900.000 евра, односно 3,4 милиони помалку во однос на претходниот месец. Тогаш на оваа сметка имаше 1.675.300.000 евра.(Народна банка на Република Македонија)