Започна поднесувањето на барањата за субвенции за предадено овчо, козјо, и кравјо млеко – трета фаза млеко, што се однесува  за произведено и предадено млеко во периодот од мај до септември 2019- та година. Барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски  најдоцна до  5- ти ноември 2019 година. Висината на поддршката за произведено и предадено овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.

До 5- ти ноември е рокот и за поднесување на барања за субвенции за амортизирани несилки заклани во регистриран кланични капацитети во период мај – септември 2019 година. Висината на поддршката за оваа мерка е 125 денари за заклани и предадени несилки во регистрирани капацитети.

 Сите кои имаат произведено и предадено млеко од мај до септември оваа година или во истиот период имаат одгледани и заклани несилки,  од денеска до 5- ти ноември ќе може своите барања да ги достават со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk на полето „Директни плаќања-е барање“. Откако ќе пристапат во системот, ќе може да го креираат  електронското барање.  Оние фармери кои не можат сами да креираат е- барање или имаат потреба од помош за креирање на барањата може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.