Претседателот на Киргистан соопшти дека Москва на Бишкек му ги отпишала сите долгови, со што се обезбедува финансиска помош за неговата земја.

Министрите за финансии на Русија и Киргистан, Антон Силуанов и Адилбек Ксималијев потпишаа протокол на спогодбата за регулирање на долгот на Бишкек на Москва врз основа на претходно одобрени кредити. Протоколот предвидува отпишување на долгот на Киргистан од 240 милиони долари.

Претседателот на Киргистан соопшти дека Москва на Бишкек му ги отпишала сите долгови, со што се обезбедува финансиска помош за неговата земја. Претходно претседателите на Русија и Киргистан, Владимир Путин и Алмазбек Атамбајев, по разговорите во Москва потпишаа Декларација за зајакнување на стратешки сојузи и партнерства. Атамбајев деновиве беше во државна посета на Русија.