Трговската размена меѓу Казахстан и Руската Федерација  во 2017 година би можела да порасне дури за 40% , смета претставникот на Руската Федерација во Казахстан, Александар Јаковлев.
-Во последните осум месеци, трговијата меѓу нашите земји порасна за 34%. Според предвидувањата, оваа бројка до крајот на годинава може да се зголеми меѓу 35% до 40%”, рече Јаковљев за време на првиот форум на претприемачите на  Казахстан и Русија.
Тој додава дека Руската Федерација во трговската размена со Казахстан го зазема првото место, уделот на Русија е 20%, на второто место е Кина, а на  трето е Италија.
 -Казахстан во трговијата на Русија го зазема второто место меѓу земјите на Заедницата на независни држави (ЗНД), а ако се земе и остатокот од светот, тој влегува во првите десет, –  вели Јаковљев.
Според неговите зборови и  инвестициската соработка меѓу земјите, исто така, се развива динамично.
– Секоја година Руската федерација инвестира повеќе од една милијарда долари во казахстанската економија, а Казахстан инвестира во Русија околу 700 милиони долари, со раст од 70 отсто, – илустрира  Јаковљев.
Тој додава дека “денес на пазарот на Казахстан се  реализираат и планираат повеќе од 100 големи инвестициски проекти во вкупна вредност од 20 милијарди американски долари”.