Македонска – руска стопанска комора организира еднодневна обука за своите членки и за сите заинтересирани компании за следење на тековите на пазарот и за новите законски прописи во Руската Федерација, како и за начините на соработка со руските дистрибутерски компании од федерално, регионално и локално ниво. Присатните ќе имаат ексклузивна можност од прва рака да ги слушнат искуствата и советите на сопственици и врвни менаџери на големи дитрибутерски куќи од Руската Федерација, експерти за надворешно – трговско работење од тој пазар, како и на раководниот тим на „Македонски дом“ од Москва, партнерска фирма формирана за поспешување на пласманот на македонската стока на рускиот пазар.
На обуката ќе бидат изнесени и најновите тенденции, законски промени и можностите за разни начини за поголем пласман на македонската стока на рускиот пазар (интернет продажба, снабдување на институции, влез на големо-продажни пазари…), а ќе може да се слушнат и излагањата на претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, на амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и на извршниот менаџмент на Македонско-руската стопанска комора.
Еднодневната обука ќе се одржи на 06.09.2018 год. (четврток) со почеток во 10.00 часот, во зградата на Стопанска комора на Македонија.За сите дополнителни информации контактирајте ја Македонско-руската стопанска комора на тел/факс (02)3233370 и (02)3244027 лок.427.
Заради изразитиот интерес за присаство на обуката, Македонско- руската стопанска комора ги повикува претставниците на своите членки и сите заинтересирани најдоцна до 24.08.2008 год. (петок) да ги испратат пријавните листови за своето учество на е-маил адресата на Комората marukomk@gmail.com