Во главниот град на Русија неодамна се одржа Московскиот економски форум (МЕФ), на кој учевствуваа експерти од 16 држави. Учесниците на форумот ги разгледуваа 25 годишните резултати на реформите на пазарот во Русија и побараа да се смени економскиот курс од либерален во „државен“.

Форумот резултираше со донесувањето на „Повелба за преродба на Русија“. Во неа се   вклучени   барањата за   пренесување   на   даночното оптоварувањето врз извозниците на суровини, да се намали тарифата на горивото,   електроенергијата,   железничкиот   транспорт,   услугите   на монополите,     да   се   обезбедат   евтини   кредити   за   економијата,   да   се заштитат   интересите   на   домашните   производители   на   внатрешниот   и надворешниот пазар, да се прекине изнесувањето на парите во странство и практиката за „спорадично одземање на лиценци“ на банките.

По целосно комплетирање на документот тој ќе биде испратен до претседателот на државата и до Владата.  Ориентир за економска политика на сесиите на МЕФ-16 беше „курсот на владата Примаков-Маслјуков“ – како што потсети главниот економист Сергеј Глазјев, таа влада воведе валутни ограничувања и ја намали каматната стапка на кредитите.

– За 25 години реформи на пазарот, БДП на Русија во однос на предреформското време се намали на 45-46%, а индустриското   производство   падна   на  60%.   Исто   така, индустрија падна на околу 80% – односно пет пати,- ги изнесе резултатите на либералната политика независниот економист, експертот за берза, Владислав Жуковскиј.

– Во 1990 години се случи погром на средната класа. Реалната сиромаштија се појави во 50 до 60% од населението. Ние уште сенаоѓаме   во однос по обемот на прозводството на ниво на педесетите години од минатиот век. Акумулирањето на основен капитал падна повеќе од 49%, и ние сеуште не можеме да го стигнеме нивото на деведесетитегодини. Експертот забележа антисоцијален и деструктивен карактер на руските реформи, кога во Русија била создадена „химера“ која ги апсорбирала негативните особености на пазарната и советската економија.

На прашањето, кои три указа тој би препорачал да ги потпише Владимир

Путин за да излезе државата од кризата, копредседателот на МЕФ и научниот раководител на Институтот за економија – РАН, Руслан Гринберг, предложи да се укине данокот за инвестиции во реалниот сектор на економијата, да се воведе прогресивна скала на даноци и да се реализират „мегапроекти“.

-Сметам дека ќе треба ограничување на движењето на капиталот, што ќе овозможи да се намали главната каматна стапка, – изјави  Александр Некипелов,   академик   на   РАН,   директор   на   Московската   школа   за економија МГУ. – Потоа ќе можат да се   решаваат главните економски прашања.

-Закони и укази во Русија не решаваат сериозни работи, – смета Александар Аузан, деканот на економски факултет на МГУ, член на Економскиот совет на   председателот на Руската Федерација . – Излез од кризата – прашањето е инвестициско! Кој ќе инвестира? Ако е тоа државата, таа ќе внесе ограничување на капиталот. Таа има вкупно 14 трилиони рубли, а пак кај населението има 31 трилион рубли. Ако ние сакаме да ги привлечеме, треба да развиваме финансиран пензиски систем, обврзници,  да се воведат директни даноци, кога населението само ќе решава како и каде да ги насочи своите даноци. Најважно: ние ќе излеземе од кризата, сигурен сум, ама што ќе биде понатаму? Ќе започне депресија! Ние ќе немаме перспектива за развој.

-Треба да се откажеме од деструктивните   реформи   во   науката,образованието   и   здравствената заштита,  да се обнови Академијата на науките, – изјави публицистот Јуриј Болдирев.

– Треба да се врати изнесениот капитал во странство, не е само „со стап“, туку и „со морков“ со воведување одредени стимулации – изјави Владислав Жуковскиј.

Исто така, тој се заложи за национализација на индустријата, таму каде што се создава природна рента, а истовремено со еманципацијата на малиот бизнис да има замрзнувањето на даночното оптоварување на 5 години, за инвестирање во руската економија. (Аргументи и факти)