ЕУ ќе ги продолжи санкциите против Русија пред Трамп да биде инаугуриран за претседател на САД, изјавија европски дипломати.
Европската унија веројатно ќе ги продолжи санкциите против Русија поради ситуацијата во Украина!?Но, во иднина тоа може да стане уште попроблематично, доколку претседателот на САД Доналд Трамп ги подобри односите со Москва, соопштува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на европски дипломати.
Изворите на агенцијата истакнуваат дека очекуваат ЕУ да ги продолжи антируските санкциите до стапувањето на Трамп на должност во јануари 2017 година.
-Продолжувањето на санкциите сѐ уште треба одржи во декември. Во Украина нема промени. Фактички, нема спор за тоа да не се продолжуваат. Но по инаугурацијата на Трамп – кој знае каде тој ќе нѐ однесе? Сѐ може да се усложни, – изјавил еден од изворитена Агенцијата.
Како што изјавија двајца други дипломати, ако односите меѓу Русија и САД навистина се подобрат, тоа може да има влијание врз единството на ЕУ по прашањето на санкциите.
-По инаугурацијата на Трамп во јануари, ако односите со Путин се обноват, тоа ќе ги продлабочи несогласувањата во ЕУ по повод Русија, по што задржувањето на санкциите ќе стане попроблематично, – изјави дипломатот.
Од друга страна, „Радио Слободна Европа“ наведува дека САД немаат намера да ги укинат санкциите против руските граѓани и корпорации по „анексијата“на Крим и почетокот од конфликтот во Донбас. Ова го изјавил портпаролот на Стејт департментот на САД, Марк Тонер.
Според него, санкциите наметнати по присоединувањето на Крим кон Русија, ќе останат во сила сѐ до враќањето на полуостровот во состав на Украина. А санкциите против Русија за нејзината „агресија“ на истокот на Украина „ќе останат во сила сѐ до целосната реализација на „Минската спогодба“.
Според Тонер, санкциите имаат влијание врз руската економија и ѝ дале до знаење на Москва дека нејзините постапки можат да имаат многу негативни последици. Во исто време, портпаролот на Стејт департментот призна дека санкциите не го запреле „префрлувањето на руската војска и оружје на територијата на Украина“. Сепак, мерките преземени против Русија ја поттикнале да бара дипломатски патишта за решавање на конфликтот, смета Тонер.
Но, дали ваквите тврдења на официјален Вашингтон ќе останат на сила, ќе се покаже многу бргу по инагурацијата на новата власт и администрација на САД.